Британско разузнавање: Русите користат моќни авиони, но внимаваат да не се урнат во Украина
Британското Министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина наведува дека Русите речиси сигурно го користеле Су-57 ФЕЛОН за време на нападот врз Украина од јуни 2022 година, најнапредниот суперсоничен борбен авион од петта генерација. Тие мисии најверојатно биле ограничени на летање над руска територија и лансирање на проектили со долг дострел воздух-земја или воздух-воздух во Украина, соопшти британското министерство.
Сателитските снимки од 25 декември покажуваат пет FELON во воздухопловната база Ахтубинск, дом на 929-от воздушен тест центар. Бидејќи ова е единствената позната база со FELON, руските сили веројатно ги користеле овие авиони за операции против Украина.
Но, пишува министерството, Русија е многу внимателна за својата репутација и не сака да ги загуби овие борбени авиони поради Украина, што е симптоматично за континуираната аверзија на Русија кон ризик при вклучување на нејзините воздушни сили во војна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа