Епидемиолозите предупредуваат: Нов вид на коронавирус наскоро ќе преовладува во Европа
Новиот сој на коронавирус XBB.1.5 може да се прошири во Германија и остатокот од Европа во наредните недели и да стане доминантен, изјави германски епидемиолог.
Таа варијанта е присутна кај речиси половина од бројот на новозаразени во САД.
„Можеме со сигурност да предвидиме дека оваа варијанта ќе преовладува и кај нас“, вели Хајо Зееб од Институтот за превенција, истражување и епидемиологија Лајбниц во Бремен.
Според него, XBB.1.5 се среќава со губење на имунитетот кај лица кои биле вакцинирани или одамна ја прележале болеста.
Тој, сепак, додава дека во моментов бројот на познати случаи на варијантата XBB.1.5 во Германија е многу мал и дека нема потреба да се размислува за нови мерки.
Новиот сој откриен во октомври многу брзо се рашири во североисточниот дел на САД и од средината на декември стана доминантен во тој дел на земјата, а во другите делови е помалку застапен.
Има многу малку информации за сериозноста на болеста што ја предизвикува овој вид, изјави Ричард Нехер, шеф на истражувачката група за еволуција на вируси и бактерии на Универзитетот во Базел, но проценува дека таа не се разликува значително од другите соеви
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изрази загриженост за новиот вид, но и надеж дека Германците ќе ја поминат зимата пред истиот да се прошири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа