Данилов: Украина не се се согласува на никакви разговори со Русија
Секретарот на Советот за безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов изјави дека Киев не се согласува на никакви разговори со Русија.
Неговата изјава уследи откако рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт почнувајќи утре на пладне.
– Со оглед на апелот на неговата светост Патријархот Кирил, му наредувам на министерот за одбрана на Руската Федерација да воведе режим на прекин на огнот на целата линија на фронтот во Украина од 6 јануари напладне до полноќ на 7 јануари, изјави Путин.
Патријархот московски и на цела Русија, Кирил повика на божиќен прекин на огнот во Украина и Донбас. Тој истакна дека тоа е неопходно за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа