Ова се најуспешните македонски спортисти годинава
Во организација на Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината се прогласуваат најуспешните македонски спортисти.
На свечена церемонија вечерва во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во следниве категории:
Спортист на годината: Владимир Егоров – борење
Спортистка на годината: Оливера Наковска Бикова – спортско пара-стрелаштво,
Великан на македонскиот спорт:
Кирил Лазаров – ракомет
Горан Пандев – фудбал
Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија.
Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – кикбокс
Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација
Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација
Млад спортист на годината: Петар Арсовски – бокс
Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова – кикбокс
Подвиг на годината:
Марко Пејчиновски кој десет пати го преплива Охридското Езеро
Харис Бекири – еверестинг – најтешко искачување
Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим
Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор“ од Струга
Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов“ од Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа