Снабдување со природен гас ќе има, енергетските компании ги доставија барањата за цената на струјата
Пристигнати се барањата од трите енергетски компании за цената на електричната енергија по 1 јануари, а на јавниот повик на ЕСМ за набавка на природен гас за потребите на топланите во Скопје, според последните информации, доставени се две понуди.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 проценти, додека универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија.
– Ако се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 процента на крајниот трошок, информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа