(ФОТО+ВИДЕО) Новогодишна бајка во регионот - наспроти Скопје
Новата Година е пред прагот, а во главните градови во регионот веќе се чувствува новогодишната магија низ улиците и плоштадите. Тирана е пример за прекрасно украсен град. Ламбички, елки и што уште нема поставено на плоштадот. Децата се радуваат, а и возрасните со сигурност уживаат во новогодишната магија.
Новогодишната магија може да се почувствува и низ центрите во Солун и Белград. Туристите ги наполнија кафе-баровите уште на почетокот на декември.
За разлика од нив, во нашето Скопје не може да се забележи скоро и никаква новогодишна еуфорија. Во центарот на градот е поставена само новогодишна елка. Родителите ги носат сопствените деца во трговските центри за барем малку да ја почувствуваат новогодишната магија..
Дури и Киев е поукрасен од Скопје, иако се уште трае војната меѓу Украина и Русија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа