Му дале отказ на свештеник оти го поддржувал Трамп
Отец Френк Павоне, лидер на американското движење против абортусот и силен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, а познат и како американски католички свештеник, добил отказ од функцијата свештеник поради „бласфемични објави“ на социјалните мрежи и непослушност.
Во писмото испратено до американските бискупи од претставникот на Светата столица во Вашингтон, се наведува дека Ватикан го разрешил Павоне во ноември, а во него било наведено, меѓудругото, дека Павоне нема право на жалба на одлуката за резрешување.
Во писмото се наведува дека Павоне бил отстранет поради „бласфемичната комуникација на социјалните мрежи“ и неговата упорна непослушност кон упатствата и наредбите на верските старешини.
За време на претседателската кампања во 2016 година, Павоне објави видео од абортиран фетус на олтар и ги повика католиците да не гласаат за демократската кандидатка Хилари Клинтон, која подоцна загуби од Трамп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа