Анкета: Голем број Бугари сметаат дека во Македонија живеат Бугари

Според анкета која ја спровела бугарската агенција АФИС, мнозинството Бугари сметаат дека треба да се потпише договор за добрососедство со Македонија, пренесе бугарскиот Фокус.

Според анкетата, 56 отсто Бугари сметаат дека треба да се потпише Договор за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија пред Македонија да може да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ, како идека мнозинство Бугари живеат во Македонија. 57 отсто од анкетираните сметаат дека Македонија треба да стане членка на ЕУ.

Од друга страна, за поддршка на Бугарија за Македонија во нејзиниот пат кон ЕУ се изјасниле 44 отсто од испитаниците, а 27 отсто се изјасниле против, додека 63 отсто велат дека граѓаните на Република Македонија се Бугари.

06.12.2013 - 11:51
Фото: 
дојче веле

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега