Внимавајте: Во Македонија се продаваат играчки полни со олово

Гумени топки, пластични камиончиња, кукли, багери, се само дел од листата со опасни играчки во Македонија. Во Институтот за јавно здравје велат дека годинава се направени 352 контроли, а кај седум типа играчки се пронајдени тешки метали и отровни материи. Според податоците на Дневник, пазарниот инспекторат е на терен и во следните пет дена ќе ги проверува детските играчки што се изложени во продавниците.

„Кадифени мечиња со ѓердани или белезица кај куче-играчка се само дел од недостатоците кои ги откривме во првиот ден на контролата. Од продажба се отстранети и играчки кои имаат јаже со кое детето може да се задави. Иако декларацијата е добра, сепак играчките се небезбедни за децата и издадовме решение да се отстранат од продажба“, вели, за весникот, Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат.

Според Дневник, дел од испитаните играчки имале отровна боја дел формалдехид над дозволената граница, а имало и такви што содржеле зголемено присуство на олово.

Ако сте решиле да купувате играчки, купувајте исклучиво во легални продавници и доколку видите несоодветна декларација или почуствувате несоодветен мирис, веднаш треба да реагирате.

06.12.2013 - 11:37
Фото: 
Кирилица

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега