Падна владата на Словачка, можни се вонредни избори

 

Пратениците во словачкиот парламент ѝ изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до вонредни избори во Словачка.

Од 150 пратеници, 78 гласаа за смена на малцинската влада составена од три партии Либералната партија Слобода и солидарност, која беше иницијатор за гласање доверба на владата, што ја напушти владата во октомври.

Таа ги обвини претходните партнери за недоволно остра борба против корупцијата и неспособноста. Словачката претседателка Зузана Чапутова треба да назначи нов премиер, но една од опциите е да се распишат вонредни избори. Но, за тоа е потребна поддршка од една третина од пратениците во парламентот.

 

15.12.2022 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега