Агенцијата за млади и спорт и СПУКМ ќе потпишат Меморандум за соработка

Агенцијата за млади и спорт и Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Целта е да се воспостави соработка, за планирање и имплементација на заеднички проекти и одредување на заеднички приоритети на полето на младите, со посебен акцент на студентите.Двете страни ги изразуваат своите заложби за воспоставување на процес на долготрајна соработка, од аспект на зголемување на вклученоста на студентите во процесите на донесување на одлуки, подобрување на стандардот на студентите и градење заеднички стратегии за развој и напредок на младите и јакнење на кохезијата во младинскиот сектор.

06.12.2013 - 10:47
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега