Министерство за правда: Заштедивме 25% електрична енергија во октомври

 

Министерството за правда, следејќи ги препораките на Владата за намалување на потрошувачката за електрична и топлинска енергија има направено заштеда од 25% електрична енергија во месец октомври споредено со истиот месец минатата година.

Со цел рационално користење  и штедење на електрична енергија, Министерството за правда даде препораки до сите вработени да ги почитуваат мерките , да бидат внимателни и да ги зголемат напорите за штедење во периодот што следува.Стабилниот енергетски систем е потреба за сите нас. Реагенсите мора да да ги користиме рационално и да бидеме солидарни.Секоја заштеда, колку и да е минимална е важна за сите.

Енергетската ефикасност ,односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијата на претпријатијата, но и огромни заштеди на државниот буџет од кој понатаму се одвојуваат средствата за субвенционирање.Министерството за правда и во наредниот период ќе презема мерки за да се подобри состојбата со штедење на електрична енергија во институцијата.

03.12.2022 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега