Герасимовски: Денешната дојава за бомба во ООУ ,,Кочо Рацин е лажна, граѓаните да бидат спокојни
Општина Центар по однос денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава.
Откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи по што полициски службеници веднаш го евакуираа училиштето.
Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
Ова е прва дојава за бомба во основно училиште. Пред 20-на дена дојава за бомби преку електронски пат имаше во неколку средни училишта во Скопје. Општина Центар во соработка со надлежните институции ги презема сите неопходни мерки за заштита на учениците и сите вработени во образовните институции, информираат преку писмено соопштение од општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа