Јанкулоска: Се уште трае истрагата за кражбата во Музејот на Македонија

Се уште трае истрагата за кражбата на артефакти во Музејот на Македонија, информираше денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

- Се уште не би оделе со конкретизација на одговорноста, инаку несомнено одговорност треба и мора да има. Се работи за една комплексна активност, која опфаќа многу анализи за кои е потребно време да бидат стручно и професионално спроведени, истакна Јанкулоска.

Таа информираше дека голем дел од работата е завршена во делот на тоа, кој треба да даде исказ, да биде сослушан и што треба да биде изанализирано во Музејот.

- Лицата што требаше да дадат исказ и да се провери автентичноста и вистинитоста на нивниот исказ преку полиграф е веќе завршена. Има еден друг сегмент, сепак, треба многу постручна и подетална анализа, која уште трае и додека не бидеме сигурни дека сите аспекти на проблемот со кој се соочуваме се добро изанализирани и разработени би било добро движењето на тој простор да биде ограничено, додаде министерката Јанкулоска, одговарајќи на новинарско прашање.

05.12.2013 - 14:08
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега