Димотровски и Дончев: Муницијата не беше наша!

Градоначалниците на Кочани и на Виница Ратко Димитровски и Емил Дончев велат дека муницијата која бугарската полиција ја пронајде во нивниот „Цитроен“ му припаѓа на нивни пријател. Тие тврдат дека по сослушувањето за потеклото на муницијата биле пуштени дома.

Бугарски и македонски медиуми објавија дека градоначалниците на Кочани и Виница биле уапсени на граничниот премин кај Делчево, бидејќи наводно превезувале 20 парчиња ловечка муниција и 100 куршуми за малокалибарско оружје.

- Вештачки е создадена фама за недозволено пренесување муниција, бидејќи инцидентот не соодветствува со реалната ситуација. Имено при рутинска контрола  на возилото со кое патуваваме кон Македонија бугарската полиција ја забележа муницијата која се наоѓаше во касетата на истото возило. Истата е сопственост на бугарски државјанин, наш пријател со кој поминавме неколку часа. Мора тој да ги заборавил во касетата бидејки куршумите не беа скриени, велат Димитровски и Дончев, пренесува МИА.

Тие велат дека бугарската полиција го испитала случајот и ги распрашала како сведоци во делото против нивниот државјанин за потеклото на муницијата. Потоа, тврдат двајцата градоналници, не пуштија да си заминеме во нашата држава.

05.12.2013 - 13:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега