(ВИДЕО) Овоштарите кризираат - власта не им исплатила субвенции, а им ги должи од лани

 

Денеска  сум на средба со овоштарите од преспанскиот регион, разговаравме за актуелната состојба на откупот и пласманот на конзумното и индустриското јаболко од овој регион, информира Цветан Трипуновски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Она што можам да го потенцирам и сакам да ја информирам јавноста е дека овоштарите упатија сериозна критика до актуелната власт за  повеќе проблеми кои се наталожени од изминативе години од лошите и погрешни политики кои што ги применува власта. А тоа е дека се уште овоштарите од преспанскиот регион ги чекаат оние дополнителни 3 денари од минатата година коишто требаше да власта преку интеревентниот фонд да им ги исплати бидејќи имаа лоша откупна сезона, тврди Трипуновски.

Денеска сме 2022 година, тече новата реколта, а тие 3 денари се уште не се исплатени. Исто така потенцираат дека повратот на 2% спрема земјоделците веќе трета година по ред власта го нема направено, додава тој.

„Потенцираат дека и оваа година се соочуваат со сериозен проблем околу пласманот јаболкото. Тоа значи дека оние минимални количини кои се откупуваат индустриско јаболко се по мизерни 3 до 3,5 денари по килограм, додека конзумното се откупува за некои 8 до 9 денари за килограм. Меѓутоа кога ќе се одбие она што оди како индустрија испаѓа дека цената е далеку под производната а тоа значи дека ќе имаме уште една тешка година за овоштарите од овој регион, односно ќе имаат проблеми во егзистенцијата за наредната зима која што ќе биде од економски тежок карактер.

Сакам да упатам порака до власта да барем оваа последна година од своето владение се одважи и им помогне на овоштарите од овој регион затоа што овие луѓе немаат друга егзистенција освен пласманот и продажбата на јаболкото кое го произведуваат.

Да ги доисплати сите субвенции кои ги има обврска да ги исплати и сите мерки кои ги заслужуваат да ги добијат во текот на наредниве месец дена до затворање на буџетот и нормално ако не е способна  на пролет да отидеме на предвремени парламентарни избори затоа што ВМРО-ДПМНЕ има план и концепт како да помогне и на овоштарите и на сите земјоделци во Македонија кои заслужуваат достоинствен живот преку загарантиран пласман на својот род“, изјави Трипуновски.

 

26.11.2022 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега