Познато е која општина заштеди најмногу електрична енергија
Со домаќинско работење до статус на општина со најголеми заштеди на електрична енергија во Република Македонија, информира Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Истото е постигнато преку домаќинско работење и адаптирање на условите на пазарот за електрична енергија за дел од потребите, пред се во областа на уличното осветлување, додава тој.
- До пред неколку месеци плаќавме енормно високи сметки на струја за уличното осветлување којашто ја плаќавме, но баравме начин за справување со последиците од енергетската криза и тоа го направивме преку анекс на договорот за јавно приватно партнерство. Со истиот, сметките за електрична енергија како обврска ги префрливме на приватниот партнер, со тоа преминавме од слободниот на регулираниот пазар за електрична енергија, а со тоа направивме огромни заштеди. Ова доведе до тоа Општина Новаци да е општина со најголема заштеда на електрична енергија во Република Македонија, а за периодот од октомври 2021 до октомври 2021 година истата да изнесува 76 проценти – кажа градоначалникот Стевановски.
Како признание за својата работа, годинава Општина Новаци го доби признанието ELOGE кое претставува ознака за извонредност во управувањето и исполнување на 12 начела на добро демократско управување на Советот на Европа.
Околу креирањето на Буџетот на Општина Новаци за наредната 2023 година, градоначалникот Стевановски информираше дека во тек се средби со граѓаните преку одржување на форумски сесии со цел да ги слушнат идеите, мислењата и предлозите на жители и истите да ги вметнат во буџетот и приоритетите на општината. До овој момент се одржани 2 вакви форумски сесии, а предвидени се вкупно 4.
Регионалната средба на општините од Пелагонискиот регион се одржа во Битола и истата беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа