Скопски бизнисмен преку ноќ изгуби еден милион денари

Засега непознат натрапник ја ограбил фирмата „Дигит Компани“ ДОО Скопје, лоцирана на улицата „Орце Николов“ во Скопје.

Според информациите од полицијата, фирмата на скопјанецот М.Љ. била ограбена на 2. или 3. декември, кога засега непознат крадец успеал да провали и да одземе 498 парчиња рам меморија марка „кингстон“ и лап топ компјутер во вкупна вредност од 950.000 денари.

Полицијата трага по натрапникот.

 

05.12.2013 - 11:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега