Двајца македонски градоначалници уапсени во Бугарија?

Градоначалникот на Виница, Емил Дончев, и градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, вчера вечерта биле уапсени на граничниот премин Станке Лисичково / Делчево, откако бугарската гранична полиција во нивниот автомобил пронашла 20 ловечки куршуми и кутија со 100 ловечки патрони, калибар 22, пишува бугарската агенција „Фокус“, пренесува Плусинфо.

Според информациите кои ги објавува бугарската агенција и ги пренесува Плусинфо, Дончев и Димитровски биле уапсени синоќа околу 19:30 часот, откако во Цитроен-от со македoнски регистарски таблички во кој се возеле двајцата градоначалници, полицијата ги пронашла куршуумите и патроните. Полицијата го известила дежурниот ЈО, кој на градоначалниците им одредил 24 часовен притвор.

Засега нема официјална потврда од македонското МНР.

05.12.2013 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега