Наркомани го грабнале, го врзале и го малтретирале - охриѓанец преживеа вистински хорор
32 годишниот С.П. и 29 годишниот А.Д. од Охрид си заработија кривични пријави за „противправно лишување од слобода“ откако на 28. ноември го киднапирале 34 годишниот Г.С. од Долно Лакочереј.
Според информациите од полицијата, двајцата охриѓани го киднапирале Г.С., присилно го ставиле во нивниот автомобил „Алфа Ромео“ и тргнале кон селото Орман. Тие уште во автомобилот почнале да ја малтретираат својата жртва, барајќи да им даде 10 грама хероин, а откако пристигнале во селото, насилниците со пластифициран конец го врзале Г.С. за метален столб и крвнички го претепале. На враќање кон автомобилот, оштетениот Г.С. искористил момент на невнимание и успеал да побегне.
При претрес во домот на С.П. се пронајдени 20 грама марихуана како и други предмети кои се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. С.П., освен за „противправно лишување од слобода“ , си заработил кривична пријава и за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Од полицијата велат дека дајцата пријавени и се веќе познати на службата како извршители на вакви и други казнени дела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа