Расправа за развојот на приватното обезбедување во Македонија

„Развојот на приватното обезбедување во Република Македонија-правни, економски и безбедносни аспекти“ е темата на научно-стручната расправа која денеска ќе се одржи на Факултетот за безбедност во Скопје.

Пред да започне расправата, Факултетот за безбедност и Комората на Република Македонија ќе потпишат меморандум за соработка.

Според најавите, на расправата ќе учествуваат претставници на институции и тела што се занимаваат со приватната безбедност, меѓу кои еминентни научни и професионални работници од безбедноста.

Од Факултетот за безбедност во Скопје велат дека целите кои би требало да се постигнат од научно-стручната расправа се одредување на можностите и границите на развојот на приватната безбедност и приватното обезбедување во функција на изградување стабилен и одржлив современ безбедносен систем, изградба на позитивен имиџ на дејноста приватно обезбедување и правилно информирање и едуцирање на јавноста за карактерот и функцијата на приватното обезбедување.

05.12.2013 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега