Пратениците ќе расправаат за сонцето од Вергина

Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 77. седница, на која пратениците треба да гласаат за предлог-законите за измени на Законот за даночна постапка и на Законот за финансиска дисциплина во прво читање.

Пред пратениците ќе се најдат и предлог-законите за измени на Законот за девизно работење, на Законот за безбедност на храна, на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, на Законот за ловството и на Законот за животната средина, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за основање на Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола, како и за изменувањата и дополнувањата на законите за здравствено осигурување, за работните односи, за внатрешни работи, за угостителска дејност, за трговските друштва, за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, за спортот.

На дневен ред се на денешната седница се и предлог законите за амнестија и за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, во прво читање, кои ги поднесе пратеникот Ивон Величковски. 

05.12.2013 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега