Попоски работно во Киев

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на 20-та средба на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува во Киев.

Според предвиденото, на средбата ќе учествуваат 40-тина министри од 57-те земји членки на најголемата регионална Организација.

Попоски ќе има свое обраќање во кое ќе се осврне на поважните прашања кои се третираат во ОБСЕ, давајќи придонес од перспектива на земја членка, активен контрибутор во градењето на мирот во регионот на ОБСЕ-од Ванкувер до Владивосток.

- Се очекува и дискусија за улогата на интегративниот процес во ОБСЕ регионот за развивање на заедничка и неделива безбедносна заедница. На оваа тема министерот Попоски ќе даде свои видувања на рамки на работниот ручек организиран од актуелниот претседавач со ОБСЕ, украинскиот министер Леонид Кожара, стои во соопштението од МНР.

Се очекува Попоски да оствари и неколку билатерални средби со неговите колеги.

05.12.2013 - 09:54
Фото: 
mfa.gov.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега