Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја разгледува стратегијата за заштита и спасување на Македонија

На дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност е Предлог - националната стратегија за заштита и спасување на Република Македонија за периодот од 2014 - 2018 година

Во петгодишниот период за кој се носи Националната стратегија приоритет ќе биде подигање на свеста и зголемување на одговорноста на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавните претријатија, установи и служби, трговските друштва, како и на секој граѓанин на Република Македонија, за исполнувањето на законските обврски за планирање, подготвување и спроведување на мерките за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи. 

05.12.2013 - 08:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега