Орден „8 Септември“ за унгарскиот премиер Орбан

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска ќе го одликува со орден „8 Септември“ унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Орденот „8 Септември“ му се доделува на Орбан за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.

Орбан ќе оствари средби со премиерот Никола Груевски, спикерот Трајко Вељаноски, а ќе има и свое обраќање на Македонско-унгарскиот бизнис форум. 

05.12.2013 - 08:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега