Aдеми на средба со Орав и Оер

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми денеска ќе оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер.

На средбата, како што соопшти ресорното Министерство, ќе се разговара за продлабочување на соработката, како и за можноста за придонес на Франција во обезбедувањето на средства од ИПА фондовите за остварување на приоритетите на МЖСПП.

05.12.2013 - 08:30
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега