Снегот повторно доаѓа - еве до кога ќе не послужи сончевото време

Времето во Македонија ќе биде сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Сончевото време ќе потрае до петок кога од крајот на денот ќе има преодно наоблачување, проследено со појава на умерен до засилен ветер од северен правец и со краткотрајни врнежи од снег. Наоблачувањето и промената на времето ќе влијае на дневните температури и се очекува нивно намалување. 

05.12.2013 - 08:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега