Тасевски: Не се чувствувам како Бугарин, јас сум Македонец

 

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски во разговор со новинарите од бугарски „Блиц“ кажа дека се чувствува како Македонец, а не како Бугарин.

„Јас сум Македонец. Тоа не може никој да ми го одземе. Ме повикаа политичари да помогнам во средување на односите меѓу двете држави, но не сакам да се мешам во политика. Откако се вмешаа политичарите, односите се влошија во последните три-четири години. Се надевам дека нема да има ескалација на тензиите во следните дуели меѓу државите“, вели Тасевски.

Тасевски ја игра последната сезона во Славија Софија, додека во кариерата играше за националниот тим на Македонија на 45 натпревари.

13.11.2022 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега