Беџети се сретна со Роберт Валтер

Министерот за правда Блерим Беџети, денеска се сретна со известителот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа, Роберт Валтер. На средбата соговорниците разговарале за напредокот на Република Македонија, особено во делот на судството.

Валтер, на вчерашната средба го информирал Беџети дека како резултат на минатогодишните средби во Министерството за правда, а пред Извештајот на Советот на Европа, од обемните одговори добиени од страна на Министерството подготвен е Извештајот до Советот на Европа   и на негова голема радост, како што истакна, неговиот извештај бил имплементиран во конечниот Извештај на Република Македонија.

Беџети од своја страна истакнал дека по Извештајот на Советот на Европа во Министерството за правда е формирана Работна група за развивање на рамка за развој на судството во Република Македонија 2013-2017 година, во која група членуваат министерот за правда, претседателот на Врховниот суд, јавниот обвинител на РМ, претставници од Основното јавно обвинителство за организиран криминал, како и претставници од МВР. Комисијата, како што посочил министерот, ја изготвила рамката и за тоа е информиран Советот на Европа.

 

04.12.2013 - 14:04
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега