Долно Блаце: Сакале да шверцуваат сијалици со помош на коњи

Полицијата пред неколку денови спречи обид за криумчарење поголема количина техничка стока која со помош на коњи ја пренесувале група лица од Косово кон Македонија.

Според податоците од македонското МВР, на 28 околу 19 часот на местото „Плажа“, во атарот на село  Долно Блаце, од правец на Косово кон Македонија на околу 200 метри од државната граница, од страна на полициските службеници, бил забележан конвој од два коња натоварени со стока кои го водат две непознати лица.Во моментот кога полицијата извикала “Стој Полиција“, непознатите лица ги пуштиле коњите и со трчање се изгубиле во густата шума.

Натоварените коњи биле однесени во полициската станица за граница Блаце, каде било констатирано дека се работи за поголема количина на „Лед“ сијалици во црево и конектори за лед сијалици“. 

Полицијата трага по сторителите.

04.12.2013 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега