Се разочараа многу жени: Најсекси мажот во „цел свет е заљубен до уши“
Крис Еванс – кој пред неколку дена беше прогласен за најсекси маж на светот за 2022 година по избор на магазинот „Пипл“ – е заљубен во португалската актерка Алба Баптиста (25).
Во четвртокот „Пипл“ објави дека Крис (41) и Алба (25) се заедно повеќе од една година и врската е сериозна.
Како што тврди извор за „Пипл“, американскиот актер и португалската бринета убавица се вљубени еден во друг, и работите меѓу нив се сериозни.
„Тие се вљубени и Крис никогаш не бил посреќен. Неговото семејство и пријатели ја обожаваат“, изјави извор за магазинот.
Набргу откако беше објавено дека се заедно, Крис и Алба беа фотографирани како се држат за раце додека шетаат низ Централ парк.
Алба зборува пет јазици и е ќерка на инженер и преведувач. Во 2018 година, таа изврши хуманитарна работа во сиропиталиште во Камбоџа со фокус на образованието. Минатата година ја доби наградата Shooting Star на Берлинскиот филмски фестивал.
Оваа недела, Еванс беше прогласен за најсекси маж за 2022 година.
„Мајка ми ќе биде многу среќна. Таа е горда на сè што правам, но ова е нешто со што навистина ќе може да се фали”, искоментира Крис.
Еванс требаше да ја добие титулата пред две години, но луѓето од магазинот „Пипл“ мислеа дека е подобро да се почека една година откако актерот случајно објави слика од својот пенис на интернет. Имено, во септември 2020 година, Еванс случајно прикачи голи фотографии додека се обидувал да објави видео на Инстаграм. Тој брзо ја избриша, но беше предоцна бидејќи снимката беше објавена на Твитер и стана вирална.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа