Украле сокови и месо од сендвичара - кривична за група малолетници од Скопје
Скопската полиција расветли тешка кражба извршена од страна на неколку малолетни лица во сендвичарата Бургер-Хит.
Се работи за 16-годишниот Г.Р. 16-годишниот М.Д. 16-годишниот М.М. 17-годишниот А.М. 15-годишниот Б.Ц. 16-годишниот К.Н. и 16-годишниот А.И. кои го скршиле прозорецот од сендвичарата, влегле внатре и одзеле 50 шишиња сокови, разни видови месо, БУМ ТВ апарат, три полначи за мобилни, печати, и други предмети што се наоѓале во сендвичарата.
Така, крадците предизвикале штета од 13.000 денари.
04.12.2013 - 12:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа