Грчкото МНР: Членството на Македонија во НАТО не е поврзано со грчко-македонските односи

Грчкото МНР вчера преку соопштение истакна дека грчките позиции за проширувањето на НАТО, особено во однос на предусловите за членство на Македонија во Алијансата, се апсолутно јасни и повеќе се поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со грчко-македонските билатералните односи.

Оваа изјава на грчкото МНР доаѓа по  учеството на министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Бисел, на кој се зборувало за проширувањето на Алијансата.

Венизелос вчера во Брисел учествуваше и во дискусии за иднината на евроатлантската соработка.

04.12.2013 - 10:43
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега