ВМРО-ДПМНЕ: И догодина ќе продолжиме со реконструкцијата на улиците во Штип
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Штип истакнаа дека партијата со своето посветено и деноноќно работење во континуитет и секојдневно остварува проекти.
- Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во нашиот град, предводена од градоначалникот, прим. м-р Илчо Захариев, работи со невиден интензитет. За само 6 месеца од овој мандат на градоначалникот Захариев досега се направени и реконструирани многу локални и регионални патишта. Притоа, се инвестирани дури 1, 5 милиони евра во патна инфраструктура. Нашите сограѓани воочуваат што се случува на терен и што се гради и прави во секоја населба, во секое маало, во секоја урбана и рурална заедница. Во делот на изградбата и реконструкцијата на патната мрежа во Штип, за истакнување се досега направените обиколница с.Чардаклија-ТИР Зона, изградба на пат до брана Мантово и Љуботен, реконструкција на обиколница Ново Село, како и Три Чешми, асфалтирање на ул „Браќа Миладиновци“, дел од Михајло Апостолски, „Косовска“...истаканаа од партијата.
Догодина ќе се реконструираат најмалку 4 патни правци до и во нашите штипски села, а сите улици во градот, како во центарот, така и низ населбите ќе бидат реконструирани, сѐ со цел квалитетна сообраќајна мрежа и уште поквалитетно живеење на нашите сограѓани, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа