Внимавајте: Македонската полиција со нови радари ќе ги лови брзите возачи

Нов ласерски радар користеле полицајците од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај - Тетово при контролите на брзината со која се движат возилата во градот и на регионалниот пат Тетово-Волковија, во  Брвеница во изминатиот викенд, информира портпаролот на СВР - Тетово Марјан Јосифовски.

- При саботните неколкучасовни контроли во Брвеница биле констатирани пет пречекорувања на дозволената брзина и три други прекршоци, како управување без возачка дозвола, управување со дозвола од друго лице и непоседување дозвола. Утврдените прекршоци биле заокружени со соодветни поднесоци и возачите, ќе се соочат со глоба од 300 до 400 евра во денарска вредност зависно од видот и карактерот на прекршокот. Во петокот ваква контрола била извршена и во Тетово на пункт во близина на Медицинска пластика, при што биле откриени осум случаи на пребрзо возење од поединци, кои не ја прилагодиле брзината според условите на патот и не ги почитувале постоечките ограничувања, рече Јосифовски.

Новиот радар, најави тој, активно ќе „работи“ и наредните денови не само на градските улици во Тетово, туку и на регионалните сообраќајници на подрачјето, бидејќи според полициските статистики пребрзото возење и годинава е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи со најтешки последици заедно со неправилно вршење дејствие, непрописно престигнување, непочитување првенство

02.12.2013 - 14:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега