Кои денови ќе бидат неработни во 2014 година?

До крајот на годинава, во Македонија неработни денови ќе бидат 08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден, 25 Декември (среда), првиот ден на Божик  за граѓаните од католичка вероисповест, 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик .

Во наредната година неработни денови ќе бидат:

За сите граѓани на РМ
· 01 јануари (среда), Нова Година
· 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
· 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
· 01 мај (четврток), Ден на трудот
· 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
· 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
· 02 август (сабота), Ден на Републиката
· 08 септември (понеделник), Ден на независноста
· 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
· 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
· 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:
· 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик
· 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)
· 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
· 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
· 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
· 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
· 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
· 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:
· 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
· 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:
· 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:
· 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:
· 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
· 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
· 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
· 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

02.12.2013 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега