37 сообраќајки викендов во Скопје

Сообраќајната полиција викендов во Скопје и околината открила и санкционирала 12 возачи кои возеле под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај. 

Санкционирани се и 23 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење на возилата, а 10 од нив возеле преку 90 километри на час во населено место. Откриени и санкционирани се и 22 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Специјалното возило „пајак“ викендов отстранило 99 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Викендов во Скопје и околината се случиле 37 сообраќајни незгоди од кои во една две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно со полесни. Сообраќајната незгода се случила во петокот на улица „100“ во село Волково и во неа учествувале патничко моторно возило „опел вектра“ со тетовски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје. 

Во 11 сообраќајни незгоди учесниците се здобиле со лесни телесни повреди, а седум биле со мала материјална штета и за нив е пополнет само Европски извештај.

За денеска е предвидено сообраќајната полиција да врши општа контрола за исправноста на возилата, како и на возачите. Посебен акцент ќе биде ставен на користење на мобилните телефони и не користење на сигурносниот појас на возачите при управување на моторните возила.

 

02.12.2013 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега