Џафери на Цетинскиот парламентарен форум во Будва

Министерот за одбрана Талат Џафери ќе учествува  на 15. Цетински парламентарен форум, што се одржува денеска во Будва, Црна Гора. Македонскиот министер ќе има и свое обраќање на тема „Зацврстување на улогата на Парламентот во безбедносниот и одбранбениот сектор“.

Цетинскиот парламентарен форум, дел од регионалната иницијатива за парламентарна соработка, е познат како успешна форма за промовирање на поблиската соработка и како начин за продлабочување на дипломатските и парламентарните врски во регионот.

02.12.2013 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега