Роберт Вaлтер во посета на македонското Собрание

Известителот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа Роберт Вaлтер денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание.

За време на неговата посета, Вaлтер ќе се сретне со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, на СДСМ Игор Ивановски, на ДУИ Неџати Јакупи и на ДПА Имер Алиу.

Предвидено е Валтер да оствари средби со членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

02.12.2013 - 08:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега