СДСМ: Владата го зголеми јавниот долг за 40 милиони евра

 

Од опозициската СДСМ денеска обвинија дека во месец октомври, владата на ВМРО – ДПМНЕ го зголемила јавниот долг за нови 40 милиони евра.

- Со тоа јавниот долг на централната влада се искачи на 2 милијарди и 736 милиони евра, односно 34,5% од БДП кој го прогнозира владата за оваа година. Заклучно со октомври, владата го зголемила јавниот долг за 192 милиони евра за 10 месеци во 2013. За последниве пет години таа го дуплирала јавниот долг кој во 2008 изнесуваше една милијарда и 386 милиони евра, велат од партијата.

 

Се надеваме дека министерот за финансии нема да излезе повторно со ноншалантна изјава како минатиот месец кога кажа дека зголемувањето на долгот од 9 милиони евра е смешно мала сума. За нив и коруптивните 8 милиони евра кои произлегоа од ревизијата во општина Центар се смешна сума. Но, ги предупредуваме дека така може да се однесуваат кога ќе си ги трошат приватните милиони кои ги имаат. За парите на сите граѓани во државата, порано или подоцна тие мораат да одговараат, додаваат од СДСМ.

01.12.2013 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега