Водителката Лила со другарките во Грција: Сите погледи вперени во четирите грации (ФОТО)
Водителката Лила Стојановска заедно со уште три другарки, ги спакуваа куферите и решија среде работна недела да се разладат во Грција. Таму е веќе неколку денови заедно со колешката водителка Јована Стојменовиќ, но и Бојана Стојменовиќ и Сузана Митревска.
Уживаат на плажа и решија да ги одбележат моментите поминати заедно. Водителката Стојановска на својот профил, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографија на која позираат четирите грации во бикини. „Вештерките на Олимп“, напиша Лила во описот на објавената фотографија.
View this post on Instagram
Иако фотографијата е објавена само пред неколку часови, следбениците не губеа време и веднаш го искажаа своето мислење за нивниот изглед во делот за коментари, а исто така фотографијата има илјадници допаѓања („лајкови“). Четирите грации исто така позираа и со зајдисонцето, а Лила со „селфи“ го овековечи и тој момент.
Кога станува збор за избор на бикини, Лила денеска се одлучи за едноделен костум за капење, кој го разоткрива нејзиното богогато деколте. Изгледот го докомплетира со големи црни очила за сонце и елегантно ланче.
Како ќе ги поминат останатите денови во Грција четирите убавици останува да видиме. Но, едно е сигурно, сите погледи се вперени во овие четири грации кои навистина знаат да уживаат во целост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа