Анализа: 400 македонски лекари заминале на обука во странство

Може да изградите најмодерна фабрика и да купите најскапи машини, но нема да имате производство ниту профит ако немате стручни лица кои знаат да работат на машините. Како што пренесува Здравство24.мк, токму затоа во Македонија во последните неколку години се инвестира во здравството, докторите одат на обуки во странство каде ги усовршуваат вештините и знаењата и се набавува нова и современа опрема.

За  беспрекорно да функционираат трите алки, а крајниот резултат да биде лекувани и задоволни пациенти, министерството за здравство за работа со новата медицинска опрема за дијагностика и лекување која ја набави за потребите на јавните здравствени установи како и за стручните лица кои наместо на дотраени апарати сега директно работат на новата опрема организираше стручно оспособување и усовршување како во земјава, така и во странство. Целта како што велат од министерството е оптимално да се искористи опремата, да се зголеми квалитетот на здравствените услуги, а тоа ќе се постигне со едуциран и оспособен медицински кадар.

Од почетокот на годината досега, 401 здравствен работник заминал на едукација во странство. 

Целата анализа прочитајте ја на здравство24.мк

30.11.2013 - 12:38
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега