"Во глава ми се вртеше ќе умрам ли јас сега?" - скопјанка заразена со ХИВ си ја отвори душата

Скопјанка си ја отвори душата и за Дневник раскажа како се соочила со смртта инфицирајќи се со ХИВ, кој го добила од едниот од тројцата партнери што ги имала во животот.

- Тоа беше шок за мене…, не размислував за ништо, само си го поставив прашањето – ќе умрам ли јас сега, до кога ќе можам да живеам инфицирана со ХИВ? Не користев секогаш кондом, никогаш не пробав дрога, вирусот го добив по сексуален пат. Често луѓето мислат дека ако имаш многу сексуални партнери, си во голем ризик. Еве, имав само тројца партнери, од кој едниот имал ХИВ, а јас од него го добив вирусот – раскажува 26-годишната Мимоза од Скопје.

Мимоза е една од 194 лица заразени со ХИВ-вирусот во Македонија. Таа денес има и нов партнер и сака да стане родител.

- Тоа не беше лесно, не знаев каква ќе биде неговата реакција, но добив целосна поддршка. Ми требаше околу три месеци да се решам да соопштам дека сум инфицирана со ХИВ. За цело време користевме кондом, а и тој направи ХИВ-тест, и тоа три пати за да се увери дека е негативен. Тоа беше доволен показател дека со кондом не може да се пренесе вирусот – додава Мимоза.

30.11.2013 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега