Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинк со смс порака
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака.
Тоа значи дека смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
Поради ова, од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички. Посочуваат дека се работи на што побрзо ставање во функција на надградениот систем и оти јавноста ќе биде навремено информирана штом оваа услуга стане повторно достапна за граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа