Ловџии фатени со 45 килограми месо од елен
Во текот на вчерашниот ден, доцна попладнето, на месноста Белска раскрсница, при контрола на возило марка Лада Нива, полицијата открила 45 килограми месо од елен, спакувано во вреќи, а при преглед на ловната куќичка лоцирана на м.в. „Пасаџиково“ била пронајдена кожа од дива свиња и 32 кг. месо од дива свиња.
Според податоците од полицијата, по извршените разговори, 58-годишниот В.М. признал дека околу 13 часот ја застрелал свињата, ја одрал и ја ставил во комора.
29.11.2013 - 13:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа