Муцунски заедно со полицајците вчеравечер спроведе ноќна патрола
Ноќна патрола на неколку локации низ Општина Аеродром вечеравече извршија градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на општината Дејан Митески, како и претставници на Советот на родители во основните училишта и командирот на ПС Аеродром, Тони Петровски.
Во рамките на оваа патрола се посетија неколку паркови, училишта, градинки, игралишта и други места каде вообичаено се собираат граѓаните во ноќните часови, со цел да се лоцираат и превенираат евентуални нарушувања на јавниот ред и мир.
„Со лицата кои беа затекнати на разни локации во пријатен и пријателски разговор тие зборувале за законските правила и прописи кои се однесуваат на зачувувањето на јавните површини и јавниот ред и мир, како и потребата од заеднички активен ангажман за одржување на чистотата и мирот во општината. Притоа беше истакната заложбата за чување и одржување на урбаната опрема и јавниот простор, како и за засилениот ангажман на МВР за подобрување на безбедноста на граѓаните.
Аеродром е познат по единството, по маалската дружба во парковите и токму затоа како општина ќе работиме сето тоа да одржиме и насочиме во корист на промовирање на свеста за чување на она што е заедничко и во кое ќе уживаме и ние, но и идните генерации“, пишува на социјалните мрежи градоначалникот Тимчо Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа