Трагедија кај Велешта: Дваесетгодишно момче го загуби животот во страотна сообраќајка

 

Страотна сообраќајна несреќа се случи синоќа во 22 часот и 30 минути на регионалниот пат Охрид-Дебар во близина на струшкото село Велешта, во која за жал, згасна животот на младо момче. Се работи за 20-годишниот Ресул К. кој им подлегнал на повредите на патот кон болницата. 

До несреќата дошло кога момчето управувајќи патничко моторно возило марка „Голф“ со струшки регистарски таблици, со предниот дел директно удрил во задната лева страна на полуприколка од товарно моторно возило марка „Сканија“ кое било запрено на регионалниот пат, а до незгодата дошло поради неприлагодена брзина на движење.

Полицијата изврши увид.

29.11.2013 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега