Девет сообраќајки во еден ден - хаос на скопските улици

Во текот на изминатото деноноќие, на патиштата се случиле вкупно девет сообраќајни несреќи. Се работи за четири сообраќајки во кои е предизвикана само материјална штета, како и уште пет сообраќајни незгоди во кои со повреди се здобиле четворица возачи на патнички моторни возила, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.

Како што пренесе МИА, во текот на изминатиот ден, сообраќајната полиција преземаше мерки по прекршоците коишто ги чинат пешаците, како и прекршоци коишто ги чинат возачите кои не отстапуваат првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Во оваа насока санкционирани се 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, a петмина возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, а исто така и фатени се неколку возачи кои возеле со поголема брзина од дозволеното.Од нив тројца возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, како и 12 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 74 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на претстојниот викенд вообичаено ќе се преземаат мерки против потешките прекршоци, прекршоци како што се управување на возилата под дејство на алкохол и брзото возење.

29.11.2013 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега