Време: Денеска сончево утре дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво. Во претпладневните часови во поголемиот дел од земјава повторно ќе има ниска облачност и појава на слаба магла по одделни котлини и по речни долини. Околу пладне и во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Утре облачноста постепено ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во недела ќе преовладува претежно облачно време и ќе има повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

29.11.2013 - 08:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега