МЖ Транспорт и машиновозачите се смирија - штрајкот ставен во мирување

Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ) по денешната средба со раководството на МЖ Транспорт а.д Скопје го стави во мирување штрајкот што го почна вчера изутрина.

Директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски и Штрајкувачкиот одбор, денеска информираа дека на средбата бил постигнат начелен договор околу барањата на синдикатот за исплата на платата во цел износ на крајот на месецот и за одлуката за прераспоредување на двајца машиновозачи на пониски работни позиции.За десетина дена треба да завршат и разговорите за потпишување  Колективен договор.

Деркоски за МИА вели дека менаџментот на претпријатието ќе вложи максимални напори за исплата на целиот износ на платата до крајот на месецот зависно од состојбата во МЖ Транспорт. Синдикатот не беше задоволен од досегашната исплата на платата на две рати.

- Го образложивме и ставот околу прераспоредувањето на двајцата машиновозачи за што се согласија дека тоа е одлука на раководството. Едниот од машиновозачите останува на позицијата на која е праспореден, а на другиот му е понудено ново работно место, вели Деркоски а МИА.

Миле Николовск, претставник на ШО, вели дека начелно се усогласени ставовите со раководството и околу пресметката на платите и очекуваат договорот да биде реализиран со потпишување на Колективниот договор за околу десет дена. 

Декоски објасни дека иако НСММ не е репрезентативен синдикат, вклучен е во разговорите за Колективниот договор, а со пресметката на платата вработените воопшто не се оштетени.

Во МЖ Транспорт се вработени 1.270 лица, од кои околу 200 машиновозачи и помошници машиновозачи. Освен НСММ, функционираат уште пет синдикати. НСММ вчера изутрина започна штрајк, но, немаше прекини во сообраќајот. 

 

28.11.2013 - 14:40
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега